Харадинај на забава пукал од огнено оружје? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај е снимен како пука од огнено оружје пред извесно време на свадба во општината Дечани, пишува порталот Лајми.

Loading...

Покрај Харадинај, порталот наведува дека и неговиот брат Даут Хараднија, исто така пукал.

Медиумите потсетуваат дека тоа се случило на свадба на 16 јуни, но дека дури сега се објавени некои детали.

Неименувани извори за приштинскиот портал рекле дека во текот на прославата биле испукани „илјадници куршуми“ и дека поголемиот дел од оружјето кое било користено било со илегално потекло.

Никој од оние кои пукале не е повреден.

Претходно Харадинај во Собранието реагирал на обвиненијата кога неговиот советник Дардан Гаши бил обвинет за истото.

Тоа го правдал како традиција за пукање кај Албанците која постои откако памети, но дека не е во рамките со законот.

Leave a Reply