Хаос денеска настана во македонското Собрание откако видно револтиран пратеникот на Левица Борислав Крмов фрлаше амандмани, а настрада и монитор.
Loading...
Револтиран што Собранието ги отфрли амандманите на Левица, Крмов бараше да се прекине седницата по што почна да фрла хартија кон заменик претседателот Горан Мисовски кој ја водеше седницата.
Крмов го откорна и мониторот и микрофонот на заменик претседателот, по што Мисовски даде половина час пауза, а во хаосот се приклучи и пратеникот Димитар Апасиев кој исто така фрлаше хартија.