Хаос во Индија поради магла и зима: Училиштата затворени, стотици летови откажани…

Сподели со своите пријатели

Северниот дел на Индија во последните денови е зафатен од студен фронт, кој целосно го наруши секојдневието во тој дел од земјата, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Температурите паднаа под -6 степени целзиусови, поради што локалните власти во погодените области побараа од училиштата да го продолжат зимскиот распуст и да ја откажат наставата.

Посебно се погодени областите во близина на Њу Делхи и Кашмир.

Надлежните ги предупредија граѓаните да не излегуваат од домовите поради густата магла.

Воздухот во Индија е екстремно загаден во последните месеци, а ваквото време уште повеќе го влошува.

Индијците поради густата магла имаат проблеми во сообраќајот. Возовите доцнат, луѓето не стигнуваат навреме на работа, а стотици летови се откажани поради слабата видливост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Експертите тврдат дека во наредните денови треба да пристигне потопло време.