Хаос на Хаити: Полицајците облекоа цивилна облека, па ги блокираа улиците

Сподели со своите пријатели

Стотици полицајци во цивилна облека на Хаити ги блокираа улиците во главниот град на земјата Порт-о-Пренс, упаднаа во резиденцијата на премиерот на Хаити Ариел Хенри и го блокираа главниот аеродром во земјата во знак на протест против убиствата на нивните колеги од криминалните банди.

Loading...

Демонстрантите ја обвинуваат владата на Хаити дека не презема мерки против криминалните групи, јавува Би-Би-Си и пренесува Танјуг.

Полицајците блокираа улици, палеа гуми, кршеа безбедносни камери и оштетија возила. Демонстрантите

најпрвин пристигнаа пред резиденцијата на премиерот Хенри, а кога сфатија дека премиерот не е таму, се префрлија на меѓународниот аеродром во Порт-о-Пренс, во моментот кога премиерот се враќаше од меѓународниот самит во Аргентина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја истрела предупредувачки куршими кон Северот

Хенри во еден момент не можеше да го напушти аеродромот, но подоцна успеа да ја заобиколи блокадата и да го избегне гневот на демонстрантите.

Порт-о-Пренс и другите градови на Хаити се соочуваат со нагло зголемување на насилството од бандите, како и чести киднапирања, а полицијата е недоволно моќна и немоќна да го запре бранот на криминал.

Од почетокот на 2023 година, 14 полицајци се убиени на Хаити како резултат на напади на криминални групи врз полициски станици, според Националниот сојуз на полицајци на Хаити.

Организацијата Народна мрежа за одбрана и човекови права на Хаити објави дека откако премиерот Хенри дојде на власт во јули 2021 година, на Хаити се убиени 78 полицајци, односно во просек по пет секој месец.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се шири птичји грип: Се истражуваат пет нови случаи, се прошири на 300 објекти

Вооружени криминални банди контролираат најмалку 60 отсто од главниот град Порт-о-Пренс и околината, како и патиштата кои водат во и надвор од градот.

На 25 јануари, претставникот на Обединетите нации на Хаити, Хелен ла Лим, изјави дека ситуацијата на Хаити е „сериозна“.

„Во просек, во 2022 година имавме по едно киднапирање на секои шест часа“, рече Ла Лим, додавајќи дека не е можно да се надмине оваа ситуација без меѓународна помош.