Гутереш: Невозможно е да се решат светските проблеми без дијалог меѓу САД и Кина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е „невозможно“ да се решат „горливите проблеми“ како што е глобалното затоплување без „ефективен“ дијалог меѓу Кина и САД, објави неговиот портпарол.

Loading...

„За генералниот секретар, невозможно е да се решат актуелните проблеми во светот без дијалог и ефективна соработка меѓу двете земји“, рече Стефан Дужарик.

Според Хина, повикувајќи се на АФП, тој одговарал на прашања поврзани со најавата на Пекинг дека ја прекинува соработката со Вашингтон во неколку домени, вклучително и во областа на климата.

Престанок на соработка

Кина во петокот објави дека ја прекинува соработката со САД во неколку области, вклучително и дијалогот меѓу високите воени команданти и разговорите за климата, како одмазда за посетата на претседателот на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, соопшти Пекинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи, исто така, објави дека ја прекинува соработката со Вашингтон за спречување на прекуграничен криминал и трговија со дрога, како и за репатријација на илегални мигранти.

Вкупно, Пекинг усвои осум различни мерки.

Во изјавата веднаш по заминувањето на Пелоси од Јапонија, Кина го откажа планираниот билатерален состанок за поморскиот воено-безбедносен механизам.