Гутереш ја прифати поканата, ќе учествува на самитот на БРИКС

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја прифати поканата да учествува на самитот на БРИКС во Јужна Африка.

Loading...

Тој има намера да го искористи своето учество за да објави неколку важни пораки, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

„Поминуваме низ особено тежок период. Самитот на БРИКС обединува многу важни актери на меѓународната сцена. Улогата на Јужноафриканската Република е од особено значење и генералниот секретар со задоволство ја прифати поканата. Ќе го искористиме за да испратиме важни пораки“, нагласи вчера Дижарик, пренесува РИА Новости.

Самитот на БРИКС се одржува во Јоханесбург и ќе трае до 24 август со учество на Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка.

Шеф на руската делегација ќе биде министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на самитот преку видеоврска поради обвинението на Меѓународниот кривичен суд, пренесува Танјуг.