Гутереш: Го поздравувам продолжувањето на иницијативата за жито

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска го поздрави продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито за олеснување на извозот на украинските земјоделски производи.

Loading...

„Го поздравувам договорот на сите страни за продолжување на иницијативата за жито за олеснување на безбедниот извоз на прехранбени производи и ѓубрива од Украина“, рече Гутереш во изјавата, пренесува Ројтерс.

Гутереш рече дека ОН се исто така „целосно посветени на отстранување на преостанатите пречки за извозот на храна и ѓубрива од Руската Федерација“, дел од договорот што е клучен за Москва.

Договорот за извоз на земјоделски производи од Украина беше склучен на 22 јули. Договорот помогна да се избегне глобална прехранбена криза дозволувајќи извоз на храна и ѓубрива од неколку црноморски пристаништа во Украина блокирани од Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.