Гутереш ги покани на состанок претставниците на различни региони во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ќе свика состанок зад затворени врати со специјалните претставници на различни региони во Авганистан на 1 и 2 мај во Доха, изјави портпаролот на ОН Стефан Дизарик.

Loading...

Дизарик објасни дека целта на состанокот е „заживување на меѓународниот ангажман околу заедничките цели и постојан напредок на ситуацијата во Авганистан“, пренесува Танјуг.