Гугл направи најдетална мапа на мозокот: Дали откри нов вид нервни клетки?

Сподели со своите пријатели

Гугл учествуваше во креирањето на најдеталната мапа на врски во човечкиот мозок досега.

Loading...

Оваа мапа покажува неверојатна количина детали, вклучувајќи модели на врски помеѓу невроните, како и нешто што може да изгледа како нов вид на нервни клетки.

Мапата на мозокот, која е достапна бесплатно на интернет, покажува 50.000 клетки во три димензии што сочинуваат 130 милиони синаптички врски.

Податоците се 1,4 пентабајти, што е приближно 700 пати поголема од капацитетот на складирање на просечниот модерен компјутер.

„Оваа мапа е толку полна со податоци што експертите сè уште не успеаја детално да ја истражат“, вели експертот Вирен Џен од „Гугл“.

 

 

Loading...

„Првпат ја гледаме вистинската структура на толку голем дел од човечкиот мозок“, вели биологот Кетрин Дулац од Универзитетот Харвард.

Тие мапирале дел од мозокот на пациент со епилепсија

Проектот за мапирање на мозокот го започна Џеф Лихтман од Универзитетот Харвард откако тој доби дел од мозокот на 45-годишна жена со епилепсија отпорна на лекови за истражувачки цели.

Левиот хипокампус на пациентот бил отстранет, што бил извор на нејзините напади. Хирурзите исто така морале да отстранат одреден дел од здравото мозочно ткиво кое го покривал хипокампусот.

Лихтман и неговите колеги веднаш го зачувале примерокот на мозокот, а потоа го обоиле со тешки метали како што е осмиум, така што надворешните мембрани на секоја клетка може да се видат под електронски микроскоп.

 

 

Loading...

Потоа, тие исекле дел од мозокот на парчиња со дебелина од околу 30 нанометри, што е приближно илјадити дел од дебелината на човечката коса, и го сликале секој дел со електронски микроскоп, пишува New Scientist.

После тоа, Џен и неговите колеги од Google ја презеле целата работа, склопувајќи ги дводимензионалните делови во тродимензионален волумен.

Тие користеле АИ за да ги реконструираат израстоците што поврзуваат еден неврон со друг и да обележат различни типови на клетки.

За време на таа постапка, научниците пронашле мистериозни парови неврони длабоко во кортексот.

„Двете клетки беа насочени во спротивни насоки на истата оска. Никој не знае зошто”, рече Лихтман.

Колку податоци се потребни за мапирање на целиот човечки мозок?

Џен и Лихтман биле дел од група која во 2020 година се залагала за мапирање на целиот мозок на глувчето на слично ниво на детали.

 

Loading...

 

„Целиот мозок на глувчето е само 1.000 пати поголем од овој, егзабајт наместо пентабајт. Претпоставувам дека тоа е нешто што ќе можеме да го направиме за десет години”, рече Лихтман.

Мапирање на целиот човечки мозок бара количина на податоци што е 1000 пати поголема.

Лихтман наведува дека базата на податоци ќе биде „споредлива со количината на дигитална содржина генерирана на Земјата во текот на годината“.

Подеталната мапа на мозокот можете да ја видите ТУКА.

Loading...

Leave a Reply