Грузискиот парламент се откажа од законот за „странски агенти“

Сподели со своите пријатели

Грузискиот парламент го отфрли законодавниот план за „странски агенти“ што предизвика политичка криза и се закануваше да ја спречи кавкаската земја да гради поблиски врски со Европа.

Loading...

На собраниската седница 35 пратеници, од 36 што гласаа, во второ читање го отфрлија текстот што беше прифатен во првото читање во понеделникот, што доведе до бран протести и низа осуди од Западот, пренесува Хина. повикувајќи се на Ројтерс.

Грузиската владејачка партија Грузиски сон во четвртокот соопшти дека се откажува од нацрт-законот за „странски агенти“ по две ноќи на насилни протести против, како што велат противниците, авторитарен пресврт инспириран од Русија што ги загрозува надежите на земјата за пристапување во Европската унија.

Масовни протести

И покрај најавата, илјадници луѓе повторно излегоа на улиците на Тбилиси во четвртокот вечерта.

Предложениот закон ќе ги принуди сите грузиски организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од својот приход од странство да се регистрираат како „странски агенти“, во спротивно ќе бидат казнети.

Во четвртокот демонстрантите повикаа на седница на парламентот за всушност да се повлече законот што го помина првото читање.

Грузија, поранешна советска република, официјално сака да се приклучи на Европската унија и НАТО.