Група момчиња од Македонија се иживуваат над ранет волк ( вознемирувачко видео)

Сподели со своите пријатели

Неодамна, на интернет осамна видео запис со вознемирувачка содржина од брутално измачување на волк, наводно измачуван од група момчиња од с. Карбинци, источна Македонија.

Loading...

На видеото кое стана и предмет на полициска истрага се гледа како сторителите на овој грозоморен чин го измачуваат застреланиот волк, ставајќи му цигара во уста.

Шокантната снимка покажува како ранетиот волк, инаку врзан за трактор е удиран од маж во црвена маица.

Претставници од македонското Здружение за заштита на животните ”Анима мунди” како што пренесува српскиот портал Блиц, реагирале за грозоморниот чин, барајќи пронаоѓање на сторителите, кои наводно се` уште не се познати за органите на прогонот.