Груевски сепак не се појави да даде изјава за аферата со прислушкувањето

Сподели со своите пријатели

Премиерот Никола Груевски сепак не се појави во Собранието на денешната закажана седница на Анкетната комисија кога и се очекуваше негова изјава за аферата со прислушувањето како и за содржината на објавените материјали. Премиерот, не само што не се појавил, туку како што пренесуваат медиумите, ниту ја известил Комисијата дека ќе биде попречен да присуствува.

Loading...

Груевски утринава од друга страна, преку медиумите и соопшти на јавноста дека е подготвен да даде исказ, но следниот понеделник иако за тоа беше предвиден рок до првиот работен ден од тековната недела.

Министерот за финансии, Зоран Ставревски, требаше да се појави пред Анкетната утре, но и тој го презакажа своето присуство, а известувањето го испратил денеска, со два дена задоцнување од предвидениот рок. Освен тоа Ставревски се понудил да биде испрашуван на 17-ти декември, со што се пробива рокот за сослушување што го определи Комисијата. Според одлуката Анкетна ќе ги сослушува сведоците од 9-ти до 15-ти декември, пренесува А1он.

На завчерашната прес конференција, претседателот на анкетната комисија за прислушување јавно го обелодени распоредот на лицата кои ќе треба да бидат сослушани.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.