Груевски и МВР спроведуваат политички директиви на штета на полицајците (видео)

Сподели со своите пријатели

Само пред неколку дена, незаконски, со политичка одлука, на експресен начин им беше скратена обуката на 400 кандидати за полицајци кои требаше да ја завршат во март 2016 година, обвини на денешниот прес, Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ и професор на УКЛО Факултет за безбедност.

Loading...

Според Ременски и СДСМ, се работи за класична политичка директива спротивна на законски утврдените постапки и процедурите уредени со подзаконски акти на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција.

Промената на модулите за обука, надвор од законски утврдените постапки и изложувањето на правна несигурност на сегашните и идните кандидати за полицајци е лицемерен и противзаконски чин.

Очигледно додека Никола Груевски во континуитет го минира исполнувањето на политичкиот договор и утврдените рокови, тој и неговите министри ја спроведуваат коруптивната партиска агенда во обид да купат гласови за избори.

Последниве денови, повторно надвор од законски уредените постапки и процедури, повеќе од 100 приправници од МВР, без да ја поминат задолжителната обука, во Центарот за обука полагаа државен испит. Импровизациите во МВР не застануваат тука, и не се однесуваат само на приемот на новите кандидати за полицајци и инспектори.

Министерот за внатрешни работи, побрза пред 20 октомври да го промени Актот за систематизација на работните места во МВР. Се направија вештачки спојувања на организациски единици во МВР надвор од реформата, се објавија интерни огласи за повеќе од 600 работни позиции со што на полициските службеници им се крши основното уставно право за работа и избор на работно место. Очајно се делат решенија за распоредување и некакво унапредување пред завршување на неговиот мандат како министер, истакна Ременски.

Прес конференцијата на Ременски се случи во ист ден кога во Центарот во Идризово започна обуката на новопримените кандидати за нови полицајци при МВР.