Грета Тунберг отстранета од полицијата од протестот против отворањето рудник во Германија

Сподели со своите пријатели

Климатската активистка Грета Тунберг беше отстранета од германската полиција од протестот против отворањето на рудник, поради што селото Лицерат во близина на Келн се евакуира.

Loading...

Шведската климатска активистка Грета Тунберг беше придружувана од неколку полицајци од протестот против отворањето на рудник за лигнит во Лицерат, село во близина на Келн, пренесува Билд.

На фотографиите кои ги објави Bild, може да се види Тунберг како седи на земја, се смее и одбива да го напушти митингот на барање на полицијата.

После тоа, пишува Билд, двајца полицајци ја фатиле за раце и ја отстраниле од состанокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Не е познато дали Грета Тунберг е приведена.

Повеќе од седумдесет германски полицајци се повредени во протестите за време на евакуацијата на Лицерат, која трае од средата, поради намерата на енергетска компанија да ископува лигнит во областа.

 

Loading...