Грешки кои сите ги правиме кога подготвуваме палачинки

Сподели со своите пријатели

Без разлика кои палачинки ви се допаѓаат, сигурно можете да направите некои грешки за време на подготовката, па затоа е неопходно да се обрне внимание на малите работи.

Loading...

Со оваа тајна состојка палачинките секогаш ќе излезат одлични

Премногу мешање

Иако треба да ги скршите сите грутки брашно, но подготовката на палачинки е ситуација во која не смеете многу да мешате. Не мешајте ја смесата премногу, бидејќи глутенот ќе почне да се развива и тестото ќе стане еластично, што значи дека палачинките ќе бидат растегливи.

Премалку трпеливост

Тесто за палачинки треба да отстои кратко време. За да ги направите палачинките совршени, покријте ја смесата и оставете ја да отстои половина час.

Недоволно загреана тава

Ако тавата не се загрева, тестото ќе се „разлее безживото“ и ќе го апсорбира маслото со кое сте ја премачкале тавата. Ако не сте сигурни дека тавата е загреана, испробајте ја со мала палачинка.

Loading...

Палачинки кои можете да ги јадете без грижи за килограмите

Предвреме ги свртувате палачинките

Бидете трпеливи пред да ја свртите палачинката додека не добие убава златна боја на долната страна. И, ако подготвувате американски, треба да го направите превртувањето што е можно повнимателно за да не се растече и да ја изгубат својата „подуена“ текстура.

Leave a Reply