Греењето на работното место во Германија ограничено на 19 степени

Сподели со своите пријатели

Во средата германската влада усвои пакет мерки за заштеда на енергија, вклучително и ограничување на греењето на работните места на максимални 19 степени.

Loading...

Мерките кои треба да стапат во сила до крајот на февруари идната година, предвидуваат скалите и ходниците повеќе да не се загреваат, а на работните места кои бараат тешка физичка работа, просториите би се загреале до максимум 12 степени.

Од ова правило се изземени медицинските установи, градинките и училиштата.

На продавниците и деловните простории им е забрането подолго време да ја отвораат влезната врата за да се спречи загубата на топлина, а на приватните домаќинства им е забрането да го греат базенот на плински или електрични греалки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Владините мерки за заштеда на енергија важат и за осветлувањето на деловните простории.

Осветлените реклами како и осветлувањето на излозите не смеат да се вклучуваат од 22 до 06 часот, со исклучок на излозите на пешачките подвозници.

Јавните објекти повеќе нема да смеат да користат надворешно осветлување, вклучително и осветлување на спомениците на културата, одлучи Владата.

Министерот за економија Роберт Хабек рече дека овие мерки можат да заштедат до два и пол проценти од вкупната потрошувачка на енергија во Германија. Целта на владата е 20 проценти.

Loading...

„Ние се соочуваме со задача од национални размери. Секој придонес е важен“, рече Хабек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.