Грците негативно го оценуваат договорот за името

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од Грците на го одобруваат неодамнешниот договор со Македонија за името на земјата, покажува најновото истражување.

Како што се наведува во анкетата на агенцијата „Паша Рисерч“ за весникот „Етнос“, 58 отсто од Грците сметаат дека договорот е негативен, а 30 позитивен.

Освен тоа, 18 отсто од испитаниците се сложуваат со идејата дека војската треба да интервенира и да го приведе политичкото раководство, претседателот и премиерот, а 42 отсто од нив сметаат дека оние кои го поддржуваат договорот се предавници.

Во истражувањето учествувале 9.800 лица.

Leave a Reply