Грција ќе забрани продажба на шпионски софтвери

Сподели со своите пријатели

Грција наскоро ќе ја забрани продажбата на шпионски софтвери, соопшти грчката влада, по веста дека повеќе од 30 лица, вклучително и министри и бизнисмени, биле под државен надзор преку телефонски малициозен софтвер.

Loading...

Списокот на луѓе чии телефони наводно се заразени со малициозен софтвер Predator го објави во неделата левичарскиот весник „Документо“, објави Ројтерс.

Весникот цитира два извори кои учествувале во надзорот, наводно во име на владата.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека извештајот е неоснован бидејќи не презентира докази дека владата стои зад надзорот.

„Тоа е неверојатна лага“, изјави Мицотакис за телевизијата АНТ1.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот

Владиниот портпарол Јанис Оиконому претходно во понеделникот рече дека грчката држава не користела или купила таков шпионски софтвер, додавајќи дека судските власти ќе го испитаат последниот извештај.

Како што изјави тој пред новинарите, Грција наскоро до парламентот ќе поднесе предлог-закон за забрана на продажба на шпионски софтвер.

„Нема да дозволиме да остане сенка за прашањата што го трујат грчкото општество“, нагласи тој.

Loading...