04.06.2019 12:47

Грчки остров кој се очекува годинава да ги урне рекордите на посетеност


Неверојатен пораст на туристи е забележан на грчкиот остров Парос кој се смета за еден од најубавите во Егејското море.

loading...

Според податоците на грчките власти од 2016 година забележан е пораст од дури 163  отсто кога е во прашање авио-сообраќајот, а во споредба со 2012 година скоро 100.000 туристи повеќе го посетиле островот со крузери и траекти.

На тоа значително влијаеле три фактори. Првин, пуштање во работа на новиот аеродром во 2016 година, која има поголеми капацитети од претходниот. Поради тоа поголемите авиони започнале да доаѓаат, новите туристички оператори вовеле свои летови, па со самото тоа островот станал подобро поврзан со останатиот дел на Европа.

– Аеродромот е секогаш најдобар показател за развојот на едно место. Освен што ни донесе пораст на туристите, ја олеснува и локалната економија затоа што имаме многу подобра поврзаност со остатокот од Грција, па е можно да се посети островот за работа само на неколку часа, рекол градоначалникот на Парос, Марокс Ковос.

loading...

Уште еден фактор многу допринел, а тоа е промоцијата на островот. Општина Парос во последните 25 години учествувала во 35 меѓународни и 10 домашни изложби поради што успешно се пробиле и на пазарите во Канада и Полска.

Исто така, според изборот на познати туристички портали парос без конкуренција се смета за најубавата дестинација во Грција.

Меѓутоа, треба да се има на ум дека Парос е малку поскап остров од останатите.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments