Грчката полиција пронашла 300 килограми кокаин меѓу банани од Јужна Америка

Сподели со своите пријатели

Грчката полиција соопшти дека меѓу бананите увезени од Јужна Америка пронашла 300 килограми кокаин.

Loading...

Четири лица од Велика Британија се уапсени, а по петтиот се трага, но се верува дека не е во Грција.

Според полицијата, запленетата дрога била наменета за други европски земји и Австралија.

Во акцијата била вклучена италијанската полиција и Одборот за контрола на наркотици на САД (ДЕА).