Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Блок во киевскиот кварт Оболон беше погоден утринава нешто пред шест часот.

Loading...

Киев Индипендент пишува дека во моментов гори станбена зграда на девет ката, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот.

Украинската служба за итни случаи објави слики и снимки од пожарот, додавајќи дека дојавата ја добиле нешто по 17 часот.

– Во 07:40 часот во деветкатница се пронајдени тела на две лица, три лица се хоспитализирани, а девет се згрижени на лице место – се наведува во соопштението на тие служби.

Од пожарот наводно биле спасени уште 15 лица, а 63 биле евакуирани.

Пожарот наводно бил изгаснат нешто пред 08:00 часот по локално време.

Деветтокатницата кат наводно се запалила поради руското гранатирање кое следело после 5 часот наутро по локално време.

 

Loading...