Граѓански протест – врз зградата на владејачката партија истуриле три тони фекалии (видео)

Сподели со своите пријатели

Познато е дека политиката е валкана работа, но несекојдневниот инцидент во Молдавија го даде и буквалниот смисол на оваа реченица.

Loading...

Имено, еден незадоволен граѓанин на Кишњев, главниот град на Молдавија, одлучил дека владејачката партија, ни најмалку ни повеќе треба да ја почести со три тони канализација.

Каок е снимено од страна на ебзбедносните камери, тој до влезот на зградата на Либералната демократска партија во Кишњев се довезува во специјална цистерна за превоз на човечки измет, а потоа го насочува цревото кон зградата и го отвора вентилот низ кој потекува смрдлива маса.

Камерите снимиле и како тој во еден момент излегува од кабината на цистерната за да што подобро го насочи цревото кон зградата иако ризикувал и самиот да биде искапен во фекалиите.

Не е познати дали огорчениот човек е уапсен, ниту какви мерки против него ќе бидат превземени.