Граѓаните на Турција гневни поради бавната реакција на властите: „Спасувачите пристигнаа по 12 часа“

Сподели со своите пријатели

Во Турција граѓаните се сè полути поради, како што велат, бавната и неадекватна реакција на владата на разорниот земјотрес што во понеделникот ја погоди соседна Сирија, а во кој досега загинаа повеќе од 8.000 луѓе.

Loading...

Спасувачите ги пребаруваа урнатините во текот на ноќта, а беа попречени од студот, уништените патишта и лошата инфраструктура.

На снимките од воздух се гледа како тие ги пребаруваат урнатините на куќите во селото Салќин во провинцијата Идлиб, барајќи жртви и преживеани.

Турскиот претседател Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции.

Но, некои жители на градовите погодени од земјотресот изразија гнев и очај поради бавниот одговор на властите на најсмртоносниот земјотрес што ја погоди Турција во последните децении.

„Тука нема ниту еден човек, никој не помага“

„Овде нема ниту еден човек, никој не помага. Снег врне, бездомници сме, без ништо. Што да правам, каде да одам“, изјави за Ројтерс Мурат Алинак, чиј дом се урна во Малатја.

Жителите на градот Газиантеп наведуваат дека 12 часа по земјотресот не пристигнала ниту една спасувачка екипа и дека морале сами да ги пребаруваат урнатините.

Кога спасувачите конечно дошле во понеделникот вечерта, работеле само неколку часа, а потоа паднала ноќта, пишува The Guardian.

Loading...

Многу Турци го изразија својот гнев на интернет поради, како што рекоа, невнимателниот одговор на итната состојба во најјужната провинција Хатај, при што многумина се жалат дека спасувачите не успеале да стигнат до областа.

Во Хатај, земјотресот срамни со земја неколку владини згради, вклучително и локалниот огранок на турската агенција за помош при катастрофи, АФАД.

СЗО: Сега е трка со времето

Мурат Харун Онгорен, координатор на АКУТ, најголемата турска граѓанска организација за помош и спасување, рече дека студеното време, мразот и големината на погодената област го отежнуваат процесот на спасување.

„Ние често ги дефинираме големите земјотреси како катастрофи. Ова е повеќе од земјотрес, ова е навистина катастрофа“, рече тој.

Онгорен додава дека тие се заробени под урнатините со секој час во зголемена опасност и дека станува збор за многу поголем број урнати згради отколку што покажуваат официјалните податоци досега.

„Кога ќе се земат предвид отежнувачките услови и бројот на урнати згради, јасно е дека се работи за многу тешка спасувачка акција“, вели координаторот на АКУТ.

„Сега е трка со времето. Секоја минута, секој час што минува, се намалуваат шансите некој да преживее под урнатините“, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...