Граѓани реагираат на зголемено полициско присуство, од МВР велат редовни полициски активности

Сподели со своите пријатели

Полицијата извршува редовни активности, велат од Министерството за внатрешни работи, за Кумановски Муабети, откако поголем број граѓани од утринава до нашата редакција се јавија со реакција дека има зголемено полициско присуство околу градскиот пазар и локалитетот Гарнизон.

Loading...

Шпекулациите на граѓаните одеа од наводни пријави за бомби, евакуација на градскиот пазар, како и дека утринава биле забележани полициски службеници со кучиња трагачи.

Сепак, од МВР смируваат, дека такво нешто нема и дека полицијата презема редовни активности и нема место за паника.

Никола Ивановски

Leave a Reply