Градоначалникот на Мариупол: Ја најдовме третата масовна гробница

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Мариупол изјави дека во близина на овој опколен град во југоисточна Украина е пронајдена трета масовна гробница, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

„Покрај масовните гробници откриени во селата Манѓуш и Винохрадине, сега гледаме дека има уште една“, рече Вадим Бојченко.

 

 

 

Новите сателитски снимки покажуваат масовна гробница во селото Стари Крим, објавија градските власти на каналот на Телеграм.

Сликите ги покажуваат ископаните ровови на територијата на старите гробишта на Крим, соопшти градскиот совет.

Рововите, наводно, се појавиле на 24 март, откако селото било окупирано од Русите, а биле долги околу 60 до 70 метри.

Loading...

 

36 години од катастрофата во Чернобил: И ден денес бројни митови

 

Според неодамнешните снимки, до 7 април, дел од рововите биле покриени и масовната гробница се проширила, соопшти градскиот совет.

„На 24 април беа снимени нови ровови. Должината на масовната гробница е зголемена на повеќе од 200 метри“, се наведува.

Бојченко ги обвини руските сили дека ги вклучиле локалните жители во закопувањето на телата во замена за храна.

 

Германија најде нов начин за снабдување со оружје на Украина

Loading...

 

„Тие (мештаните) ни рекоа дека треба да се работи со часови за да имаш храна и вода. Сега нема доволно хуманитарна помош во Мариупол, па луѓето се принудени да го прават тоа“, рече тој на Телеграм.

Си-Ен-Ен не можеше да ги потврди овие изјави за масовните гробници, а сликите од „Планет лабс“ првпат беа објавени од Радио Слободна Европа (РСЕ/РЛ) во понеделникот.

Си-Ен-Ен прегледа сателитски снимки кои наводно покажуваат масовни гробници во Винохради, но не е јасно што можело да се случи таму освен промените во почвата.

 

Во Приднестровје е воведено црвено ниво на терористичка закана

 

Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, во четвртокот во Телеграм објави информација за масовната гробница во Манхуш.

Loading...

„Како резултат на долгогодишно пребарување и идентификација на местото на масовно погребување на загинатите жители на Мариупол, го утврдивме фактот за организирање и масовно погребување на загинатите жители на Мариупол во селото Манхуш“, напиша тој.