Во Приднестровје е воведено црвено ниво на терористичка закана

Сподели со своите пријатели

Во самопрогласената Придњестровска Република Молдавија (ПМР) е воведено црвено ниво на терористичка закана, кое предвидува усвојување дополнителни мерки за обезбедување на безбедноста на поединците, општеството и државата, објавено е на веб-страницата на претседателот на ПМР Вадим Красноселски.

Loading...

Се наведува дека „во терористички напади“ е оштетена зградата на Министерството за државна безбедност ПМР во Тираспол, воената единица кај селото Паркани и кулата на радио-телевизискиот центар кај селото Мајак.

 

Што е Придњестровје и зошто е важен за Русија?

 

Придњестровје се наоѓа во источна Молдавија и се отцепи од земјата во 1990 година по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Има околу 500.000 жители, а Русија има околу 1.500 војници таму кои служат како мировници.

Лидерот на Придњестровје одржа состанок на Советот за безбедност, а главни теми биле, како што се наведува, „терористичките напади врз инфраструктурните објекти и државните институции на републиката“, пренесува РИА Новости.

Членовите на Советот за безбедност на ПМР нивото на опасност го оценија како критично.

Loading...

 

https://kumanovskimuabeti.mk/eksplozii-go-potresoa-vo-otcepeniot-moldaviski-region-onesposobeni-se-dve-radiokuli/

 

Претходно, Министерството за внатрешни работи на самопрогласеното Придњестровје, на истокот на Молдавија, соопшти дека денеска имало две експлозии во селото Мајак, во областа Григориопол.

Експлозиите оневозможија две од најсилните антени на радио центарот кои емитуваат руско радио.

Придњестровје го привлече вниманието на светската јавност откако вршителот на должноста командант на рускиот Централен воен округ Рустам Минекаев на 22 април изјави дека Русија планира целосно да ја преземе контролата врз Донбас и јужна Украина, додавајќи дека тоа ќе овозможи пристап до Придњестровје.