Градоначалникот и Дедо Мраз однесоа пакетчиња на Детското одделение (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Како и секоја година, градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски во придружба со Дедо Мраз го посети Детското одделение при Општа болница – Куманово.

Градоначаникот им ја честиташе Новата година на дечињата и со новогодишни пакетчиња им посака побрзо оздравување.

Посетивме околу 40 дечиња, се видовме со персоналот, посакавме среќа, здравје и успех на пациентите, а и на персоналот кој се грижи за здравјето на нашите најмили – вели Дамјановски, кој во оваа установа има поминато 27 години од својата работна кариера.

Loading...

 

Лилјана Николиќ, педијатар при Општата Болница , вели дека посетата ги радува дечињата поради тоа што тука се изолирани од останатите и се лекуваат.

Дневната болница е преоптеретена, малку доктори останавме, многу малку педијатри има во Куманово во болницата и сме преоптеретени, но со деца е задоволство да се работи – изјави Николиќ.

 

Таа истакна дека во овој период има вирози со повраќање и температури, а дневно над 100 деца бараат лекарска помош, но поради новогодишните празници голем дел од нив се пуштени на домашно лекување.

[huge_it_gallery id=”275″]

Во предновогодишната агенда на градоначалникот утре подароци ќе добијат и лицата со интелектуална попреченост од „Порака наша“.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.