Градоначалникот Дамјановски одговори на обвинувањата на ОК на Гром и ВМРО-ДПМНЕ (видео)

Сподели со своите пријатели

Со своја реакција излезе и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски откако денеска на негова сметка беа упатени повеќе обвинувања од страна на Општинските комитети на Гром и ВМРО-ДПМНЕ.

Дамјановски вели дека како се ближат изборите постојано конференции за печат со обвинувања има на секои два дена во кои се изнесуваат клевети на име на локалната самоуправа.

Господине Караџински или не добро читате или не може да разберете. Во писмото од секторот за финансии експлицитно ви е објаснето за број на ученици по години, предвидени средства, наменски блок дотации и предвидени средства за определени намени. Повторувам дека за 2013/2014 имаме 1.558 ученици во основно, и 4.164 во средно образование. Во планирани средства за 2013/2014 година од вкупните блок дотации кои се за енергетика, тековни трошоци и превоз се 19 милиони и 924.995 за основно и 32 милиони 392 за средно образование. Во 2014/2015 година имаме 1.565 ученика во основно и 3.886 ученика во средно образование. Планирани средства како што пишува во извештајот доставен до вас, значи по трет пат ви даваме објаснување, се 12 милиона 975 илјади денари за основно и 58 милина 508 за средно образование – објасни градоначалникот.

Како што истакна Дамјановски сите овие средства се за девет милиони помалку од планираните, а општината поради намалување на дотациите и зголемување на платите била принудена да интервенира со буџетски средства.

Што се однесува до вашето тврдење дека УПМ Груп во 2013/14 бил носител на јавната набавка сакам да ве потсетам и пред се да ве информирам, претпоставуавм дека не знаете, благодарение на Владата која катадневно ги менува законите, а пред се Законот за јавните набавки во 2013/14 година се вметна од нивни разбирливи причини категорија организатор на организиран транспорт. Тоа не може да биде превозник лиценцирана фирма со определени критериуми. По таа насока која беше облигација во распишување на постапката ние моравме да организираме тендер за организатор на транспорт. Погледнете ја јавната набавка и ќе ви биде јасно зошто се јавува група која има лиценца која ја издало Министерството за транспорт и врски – вели градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

За обвинувањата упатени од страна на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот вели дека секој ден по некоја улица ќе биде мета.

Избравте погрешна улица. Во таа улица сум се родил јас и ако нешто сакам да направам повеќе нема улица што би ја направил повеќе од улицата „Среќко Пужаљка“, затоа што тука живеело моето семејство. Улицата е во проектот ИПА при што треба да се направи комплетна реконструкција на каналзиационата мрежа, бидејќи таму има стара канализациона мрежа која е неупотреблива во должина од 400 метри. Замислете на која ситуација би бил изложен сега да поставуваме бекатонски плочки, а за пет-шест месеци да ги прекопуваме – изјави Дамјановски.

Тој вели дека улицата е ставена во програмата и истата ќе биде завршена до крајот на оваа година.