Неолитски пештери, карпи во карактеристична боја на мед и минерати од 15. век кои ги красат живописните улици засекогаш ќе исчезнат под вода, како и остатокот од тој „жив музеј“.
За да се спаси од потопување се што може од древниот град, Турците го преселиле хамамот од 12 век тежок 1.500 тони, а освен бањите селат и други споменици од Ханаскејф на местото одалечено три километри.
Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)
Loading...
Градот стар 12 илјади години се наоѓа не брего на Тигириса во турската провинција Батман. Експертите предвидуваат дека ќе исчезне до крајот на годината поради поплавата која е резултат на браната чија изградба е започната пред 12 години по повод проектот југоисточна Анадолија во рамки на кој се градат бројни хидроцентрали и индустриски зони и се јакнат образовните и инфраструктурни ресурси во регионот.
Хасанкејс се наоѓа на нешто помалку од 100 километри од браната, се предвидува дека за неколку месеци ќе се наоѓа околу 60 метри под површината, како што бил случајот и со останатите историски градови, споменици, но и домови на луѓето кои морале да се преселат по изградбата на Асуанската брана или кинеската хидроелектрана со браната Три кланци на реката Јангче.