ГРАД-ШУМА: Како ќе изгледа најзелениот град во светот? (фото)

Сподели со своите пријатели

Мајсторското архитектонско дело на Стефано Боери, цел град кој пркоси на загадениот воздух, моментално е во изградба во кинеската провинција Лиузхоу.

 

Loading...

 

Населеното место ќе го носи името „Лиузхоу град-шума“ и според проектот целосно ќе биде прекриено со растенија, цвеќе и дрвја, започнувајќи од станови, канцеларии, продавници, хотели, болници и училишта.

Кога неговата изградба ќе биде завршена, во овој зелен град ќе може да се населат 30.000 жители, а самиот град ќе може да апсорбира околу 10.000 тони јаглерод диоксид годишно и за исто тоа време ќе произведува околу 900 тони кислород.

 

 

Градот ќе биде изграден на сверот од Лиузхоа, во планинскиот предел Гуанкси, на површина од 175 хектари долж реката Лиуџианг. Со главниот град на провинцијата ќе биде поврзан со железничка линија.

Овој мини град ќе биде домаќин за околу 40 илјади дрвја и скоро милион примероци од 100 видови различни растенија. Парковите нема да бидат само по квартовите и улиците, туку и на балконите, крововите и специјални платформи на зградите, како и во самата внатрешност на градбите.

 

Loading...

 

По прв пат во светот, еден град ќе биде целосно енергетски независен и снабден со енергија комплетно од обновливи извори на енергија, што за Кина ќе значи голем преокрет, со оглед дека тамошните градови се едни од најзагадените во светот.

 

 

Веднаш по светскиот успех на големата вертикална шума во Милано, кој ќе биде реплика на многу места во светот, градот шума на архитектот Стефано Боери уште повеќе ќе го прошири концептот на зелените згради и населби кои се повеќе од потребни за денешниот урбан свет, а во исто време претставуваат голем проблем за модерните произведувачи на енергија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.