Гореле кровови на поранешна кумановска „Кожара“ и семеен дом во Черкезе

Сподели со своите пријатели

Две кровни конструкции во два одвоени случаи вчера изгореле во пожар, едната на поранешната фабрика „Кожара“, а втората на семеен дом во Черкезе, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Околу 10 часот вчера седум пожарникари со две противпожарни возила излегле на интервенција на запалениот кров на поранешната фабрика за преработка на кожа „Кожара“. Пожарот успешно го изгаснале околу 11:45 часот, а како што пишува во билтенот на РЦУК, најверојатно е предизвикан од лица кои краделе железо во кругот на фабриката.

Во селото Чергекезе во период од 12:45 до 14:00 часот четворица пожарникари гаснеле запален кров на семеен дом. Пожарот е изгаснат и предизвиката е материјална штета.

Кумановските пожарникари бележат интервенција и на запален смет во населбата Перо Чичо.

Leave a Reply