Горел оџак на семеен дом во Куманово, пожарникарите интервенирале два пати

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари вчера во два наврати интервенирале на иста локација поради пожар на оџак од семеен дом на улицата „Никшиќка“.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првиот пат интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 18:00 до 18:30 часот.

Втората интервенција била во период од 19:55 часот до 20:25 кога на терен биле петмина пожарникари.

Засега нема информации за причините за избувнување на пожарот или висината на настанатата материјална штета.

Никола Ивановски

Leave a Reply