Големо отворање на дрогеријата на dm во Куманово со -15% попуст на апсолутно сѐ…

Сподели со своите пријатели

УШТЕ ПОУБАВА, РЕНОВИРАНА ДРОГЕРИЈА НА СТАРО МЕСТО:

ГОЛЕМО РЕОТВОРАЊЕ НА ДРОГЕРИЈАТА НА dm ВО КУМАНОВО СО -15% ПОПУСТ НА АПСОЛУТНО СЀ…И НА ВЕЌЕ НАМАЛЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ!

Loading...

 

Големото реотворање на реновираната дрогерија, од компанијата го најавија за 14-ти јули, а по тој повод се најавени попусти од -15% на апсолутно сѐ…и на веќе намалените производи! Попустите ќе траат 3 дена, од 14.7 до 16.7.2022 година.

Полека, но сигурно се ближи денот на повторното отворање на дрогеријата на dm во Куманово. По речиси еден месец, повторно ќе може да пазарувате во Куманово, во  најголемиот дрогериски ланец во Европа и да уживате во докажаниот германски квалитет по супер цени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец на BASIC PRO сертификација кај Марино Башиќ во Загреб

Дрогеријата на dm во Куманово, која се отвори во 2017 година, за прв пат овозможи во Куманово да го има единствениот дрогериски концепт и повеќе од  4.500 производи од сопствените трговски dm марки. По речиси петгодишно работење, дрогеријата на dm на средината на месец јуни беше затворена заради реновирање.

Старо-новата реновирана дрогерија на dm се простира на 293,15 m2 продажен простор, 42,87 m2 магацински простор и 25,14 m2 помошен простор. Како што изјавија од компанијата, со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на цртежи „Скици 2022“ во Куманово

Како компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, при секое ново отворање dm донира дел од својот промет во хуманитарни цели. Оваа пракса нема да биде исклучок и на ова реотворање, а компанијата дел од својот промет остварен на тој ден ќе го донира кон Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово.

Бидете дел од и вие од ова големо реотворање на dm во Куманово и искористете ги попустите на dm од -15% на апсолутно сѐ…и на веќе намалените производи!

Loading...