Големи количини алкохол, парфеми и гуми за џвакање запленети на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на месец јуни, царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани технички производи, медицински стерилизатор, лекови, облека, девизи и парфеми.

Loading...

Вкупно 48 парфеми од 30 ml, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените парфеми, пронајдени во две кутии сместени под задното седиште на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Алкохолни пијалоци од околу 52 литри (Uzo Tsantali, Rubinov Vinjak и ликер Gorki list), биле откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Како што информираат од Управата, на прашање на царинските службеници, возачот изјавил дека носи мала количина пиво и сокови, но при извршениот детален преглед, под предните седишта, под задното седиште и во фабричка преграда над предните седишта, биле пронајдени 24 литри узо, 22 литри вињак и 6 литри ликер. Непријавените алкохолни пијалоци се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Вкупно 2.340 пакувања со по 10 гуми за џвакање, биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил,управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во  државата награничниот премин Табановце автопат.

Непријавените гуми за џвакање,  пронајдени во делот наменет за резервна гума во багажниот простор на автомобилот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Leave a Reply