Големата тајна на Дизниленд: Кога падне ноќта и посетителите ќе заминат, тие почнуваат со работа!

Сподели со своите пријатели

Кога ќе се стемни во Дизниленд, 200 работници штотуку почнуваат да работат. Ова се мачки кои се „вработени“ во овој забавен парк.

Loading...

Главната работа на крзнените работници е да ловат глувци ноќе, кои во забавниот парк полн со храна и ѓубре што ги оставаат луѓето, се размножуваат со неверојатна брзина. Затоа администрацијата на Дизниленд Флорида ангажираше 200 мачки.

Скриени места на познати дестинации: Од клуб во Дизниленд до Ајфелова соба

Оваа тајна најпрво ја откри актерот Рајан Гослинг, кој играше мускетер во филмот на оваа компанија, затоа што во ток-шоуто раскажал дека слушнал и видел вработени мачки во Дизниленд. Тој тврди дека мачињата се специјално обучени да работат како командоси.

 

 

Кој ги хранеше оваа пролет?

Loading...

Во текот на пролетта 2020 година, многу посетители на Дизниленд потпишаа петиција бидејќи беа загрижени за мачките и се плашеа дека никој нема да ги храни, бидејќи забавниот парк беше затворен. Сепак, беше објавено дека мачките не треба да се хранат затоа што мораат да ловат!

Постојат бели, црни, жолти, шарени како тигри, црно-бели како европски, сиви како руски и сите се прикрадуваат, демнат, шетаат и спијат. Тие се толку популарни што дури имаат и своја веб-страница, а „Дизниленд“ продава и маици со нивни слики.

Нови атракции во Дизниленд во Флорида (ВИДЕО)

Покрај мачките во Дизниленд, „работат“ и кокошки кои управата ги ангажирала со цел да уништат комарци. Постои и голема колонија бубачки кои спасуваат растенија од лишаи.

Leave a Reply