Голема сума девизи украдена на старец паркиран на бензинска пумпа на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 03.10 часот по полноќ во Полициската станица од општа надлежност Куманово, Т.Т. (71) од Валандово пријавил дека во 02.20 часот непознати сторители извршиле кражба од неговиот автомобил на бензинска пумпа лоцирана на автопатот Табановце – Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Истиот, откако наполнил гориво се паркирал на паркингот од бензинската пумпа и застанал до совозачката врата од неговото патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки. Во еден момент до него дошло непознато лице и започнало разговор со него. Притоа, друго непознато лице го искористило неговото невнимание, ја отворило возачката врата и од просторот пред совозачкото седиште одзел црна женска чанта во која имало 7000 евра, 7000 денари 15.500 српски динари, две македонски патни исправи, две книшки од банка, два мобилни телефони, златен накит и други предмети .

Секторот за внатрешни работи Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на сучајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.