Голем ракетен напад врз Одеса и Днепар

Сподели со своите пријатели

Русија утринава изврши голем ракетен напад врз Одеса, пишува Гардијан. Кабинетот на претседателот Зеленски и шефовите на регионалните администрации ги потврдија нападите врз критичната инфраструктура во Одеса и Днепар.

Loading...

Официјални лица рекоа дека системи за противвоздушна одбрана работат во Киев и Днепар за соборување на дојдовните проектили.

Според неофицијални информации, експлозии се слушаат и во неколку други градови, кои очигледно потекнуваат од системот за противвоздушна одбрана.

Се чини дека тоа е уште еден напад врз енергетската инфраструктура на Украина.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, утрово изјави:

„Непријателот мисли дека ќе ја ослабне нашата одбрана со напад на енергетската инфраструктура. Тоа е наивна тактика на кукавици и губитници, но ние сме подготвени на тоа“.

„Нема да успеат, ќе ги згазиме“

„Украина веќе претрпе исклучително тешки удари, кои ги немаа резултатите на кои се надеваа руските кукавици. Нема да успеат, ние ќе ги згазиме“, додаде Јермак.

Украинската агенција Интерфакс јавува, повикувајќи се на украинскиот премиер Денис Шмихал, дека Русија со ударите утринава ја гаѓа украинската инфраструктура за производство на гас и фабриката за ракети.

Loading...

Кирило Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на Зеленски, изјави дека неколку експлозии одекнале во центарот на Днепар. Оштетени се два инфраструктурни објекти, а најмалку едно лице е повредено.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.