Голем ноќен напад врз Украина: Погодени болница и рудник, загина рудар

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а шест се ранети во руските напади врз источните украински региони Доњецк и Харков синоќа, а украинската противвоздушна одбрана собори девет од десет руски беспилотни летала, соопштија украинските власти.

Loading...

Ракети погодија болница во градот Селидове во регионот Доњецк и рудник за јаглен, објави на Телеграм министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

„Оштетени се две болнички згради, шест цивили се ранети. Можно е да има уште жртви под урнатините, расчистувањето продолжува. Оштетени се четири згради, 19 возила и далновод. Затрупани се 39 рудари. Сега сите се извлечен“, потврди тој. Клименко, додавајќи дека еден работник загинал во рудникот за јаглен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ледени температури во Сибир: Измерени -58 степени целзиусови

Русите користеле беспилотни летала од Иран

Руските окупаторски сили го окупираа поголемиот дел од регионот на Доњецк, а Москва сака да го окупира целиот регион.

Во Харков едно лице загина во руско бомбардирање, изјави гувернерот на регионот Олех Синехубов.

Ројтерс не можеше да ги потврди извештаите.

Русија ноќе ја нападна територијата на Украина со дронови камиказа Шахед од иранско производство.

Украинската противвоздушна одбрана синоќа собори девет од десет руски беспилотни летала, соопштија украинските сили.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.