Голем магацин за оружје изгоре на границата со Украина

Сподели со своите пријатели

По украинското гранатирање, во руската област Белгород, кој се наоѓа веднаш до границата со Украина, експлодираше складиште за оружје.

Loading...

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков ја потврди веста и најави дека нема повредени и дека локалното население ќе биде однесено на безбедно.

 

 

На интернет кружат снимки од последиците од украинскиот напад на кои се гледа како магацинот гори.

Претходно денеска гувернерот на Белгородската област изјави дека украинските сили со гранатирање оштетиле катна зграда во градот Белгород, на што Украинците одговориле дека самите Руси ја оштетиле зградата со тоа што „нешто тргнало наопаку“ за време на нападот на Харков.

Михајло Подољак, советник на претседателот Зеленски, напиша:

Loading...

„Русија започна напади врз Харков, но нешто тргна наопаку и тие удриkа во станбена зграда во Белгород. Ќе има ли истрага? Или казна? Не, на Путин не му е грижа кого убил : Украинци или Руси. Пропагаторите многу брзо ќе најдат лажно оправдување“, пренесува Индекс.

 

 

Инаку, денеска е 232-от ден од инвазијата што Руската Федерација ја започна врз Украина на 24 февруари годинава.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.