Голем интерес за бесплатниот автобуски превоз во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Голем интерес покажаа граѓаните на Куманово за мерката за бесплатен автобуски превоз која на предлог на градоначалникот Максим Димитриевски беше изгласана на последната седница на Советот на општината.

Loading...

На автобуските постојки во градот од вчера е забележителен поголем метеж на патници кои користат автобуски превоз на 27те линии во градот.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски претходно на седница на Советот рече дека во период на економска и енергетска криза оваа мерка ќе донесе до заштеди во семејните буџети на граѓаните.

– Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето, рече тогаш Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

 

Loading...

 

Како што посочи тогаш граодначалникот, локалната самоуправа ќе се стреми кон подобрување на услугата во јавниот превоз.

Граѓаните со воведувањето на новата мерка ќе можат и да се обратат во диспечерски центар за оваа намена отворен на приземје во ТЦ Гарнизон.

 

 

Воедно отворена е и телефонска линија каде на бројот 031/444-003 граѓаните ќе можат да пријават проблеми или да добијат информации за градскиот превоз во период од 8 до 16 часот.

Loading...

Според одлуката која ја донесе советот едногласно, бесплатниот јавен превоз во Куманово ќе трае шест месеци.

Никола Ивановски