Голем хуманитарен концерт за Александар и Мартина

Сподели со своите пријатели

Големи и познати музички ѕвезди од Македонија во организација на Оливера Трајковска и  здружението „Крепост“ ќе пеат за здравјето на Александар и Мартина Додевски на 1ви јули во големата сала на Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

 

Loading...

13514491_503262043213403_2027072542_n

Братчето и сестричката боледуваат од цироза на црниот дроб и за нивното лекување се потребни 100 илјади евра. Во битката за болеста досега помогнаа многумина, а со хуманитарниот концерт свој допринос ќе дадат и: Андријана Јаневска, Дарко Тодоровски, Александар Богдановски, Мартинијан Кириловски и Миа Вујадиновиќ, заедно со Dance Team „Fusion“.

Билетот ќе чини 120 денари, а парите ќе бидат донирани на сметката на семејството Додевски. Не заборавете дека сите можеме да помогнеме. Дојдете дружете се со македонските пејачи и дадете свој допринос во хуманоста. Заеменете едно кафе со билет кој може да спаси нечиј живот.

Не заборавајте дека се отворени и телефони за донации. Со повик на следните броеви донирајте 100 денари за лекувањето. Повикувајте ја само вашата мрежа.

ОНЕ: 075 143 476

ВИП: 077 143 476

Т-Мобиле: 070 143 144

Можете да донирате и со уплата на парични средства на банкарска сметка.

Име: Јасмина Додевска
Централна-кооперативна банка а.д. Скопје
Број на жиро сметка: 320500025832633


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.