Голем дефект на водоводната мрежа на „Октомвриска револуција“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем дефект ги остави без вода поголемиот дел од корисниците на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Јавното претпријатие „Водовод“ најверојатно станува збор за два дефекти. Едниот е изолиран на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до реонскиот зелен пазар.

– Затворена е улицата од почетокот на „Октомвриска револуција“ до крстосницата кај пазарот, тој дел ќе нема вода. Еден дефект е лоциран на тротоар кај поранешната „Стопанска банка“ и најверојатно е на Ф100 цевка, но најверојатно има уште еден дефект на крстосницата во близина на др. Ѓоше на Ф300 главна цевка, информираше директорот на ЈП „Водовод“ Оливер Стојмановски.

 

 

Како што потенцираше директорот, станува збор за вонредна состојба и засега нема вода тој потег од булеварот.

– Ќе се работи цел ден и ноќ, ангажирани се сите расположливи екипи во тој дел. Мораше да се затвори водата, затоа што најверојатно има дефект и на Ф300. Штом се затвори едната страна почна да тече на другата што значи дека веројатно има, појаснува директорот.

Loading...

 

 

Работата ќе ја отежнува подземната инсталација на кабли за телефон и оптички кабли, вели Стојмановски, кој додава дека поради тоа ќе мора да се работи рачно.

Сообраќајот по булеварот ќе се одвива по една лента од двете сообраќајни страни.

– Известена е полицијата. Обезбеден е сол да се фрла преку ноќта да не подмрзне водата, рече директорот Стојмановски.

 

Loading...

Никола Ивановски