Годишното собрание на Здружението на преведувачи и толкувачи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) викендoв во Куманово одржа редовно годишно собрание посветено на планот за активности во 2020 и за претставување на извештајот за работењето во минатата година.

Loading...

-Здружението оваа година одбележува 10 години постоење и понатаму ќе продолжи посветено да работи на воведување професионални стандарди за професиите преведувач и толкувач, подобрување на состојбата на пазарот за овие две професии, професионален развој на членовите на професијата и ќе се залага за создавање позитивна перцепција за професиите преведувач и толкувач меѓу членовите на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност, соопшти ЗПРМ.

На Собранието се избрани нови претставници во Управниот одбор. Новите извршни членови се Ана Попова Манасиевска (претседател), Радомир Трајковиќ (потпретседател) и Сандра Ангеловска-Богатиновска (секретар). Покрај извршните, избрани се и три неизвршни членови: Ирена Кацарски-Ќимова, Лукреција Маљковиќ-Атанасовска и Даниел Матракоски.

МИА

Leave a Reply