Годишнина од атомскиот напад врз Хирошима

Сподели со своите пријатели

Ѕвона ѕвонеа во Хирошима во саботата кога градот ја одбележа 77-годишнината од првото атомско бомбардирање во историјата, а официјални лица, вклучително и генералниот секретар на Обединетите нации, предупредија на нова трка во вооружување по руската инвазија на Украина.

Loading...

Русија ја нападна Украина на 24 февруари, а не долго потоа рускиот претседател Владимир Путин отворено ја покрена можноста за нуклеарен напад.

Конфликтот, исто така, предизвика загриженост за безбедноста на нуклеарните постројки на Украина.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш им се придружи на илјадниците собрани во Паркот на мирот во центарот на Хирошима за да ја одбележат годишнината од бомбардирањето во кое загинаа 140.000 луѓе пред крајот на 1945 година.

Ова е само втор пат генералниот секретар на ОН да учествува на годишната церемонија во Хирошима.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

– Нуклеарното оружје е глупост. Тоа не гарантира безбедност – само смрт и уништување. Три четвртини век подоцна, треба да се запрашаме што научивме од облакот печурка што надвисна над овој град во 1945 година – изјави Гутереш.

Гутереш избегна директно да ја спомене Русија, која нејзината инвазија на Украина ја нарекува „специјална воена операција“.

Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, чиј град оваа година не го покани рускиот амбасадор на церемонијата, беше поостар и покритичен кон воените дејствија на Москва во Украина.

Loading...

– Во инвазијата на Украина, рускиот лидер, избран да ги штити животите и имотот на својот народ, ги користи како инструменти за војна, крадејќи ги животите и егзистенцијата на цивилите во друга земја. Низ светот, идејата дека мирот зависи од нуклеарното одвраќање добива на интензитет. Овие грешки ја издадоа желбата на човештвото, родена од нашите воени искуства, да постигне мирен свет без нуклеарно оружје. Прифаќањето на статус кво и напуштањето на идеалот за мир кој се одржува без воена сила е закана за самиот опстанок на човечката раса – рече Мацуи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Во 8:15 часот на 6 август 1945 година, американски Б-29 Енола Геј фрли бомба со прекар „Мало момче“ и го уништи градот со околу 350.000 луѓе.

Во саботата беше ѕвонено од Ѕвоното на мирот, а толпата луѓе се собраа, меѓу кои и јапонскиот премиер Фуми Кишида, кој потекнува од Хирошима, со минута молчење точно кога експлодираше бомбата.

– На почетокот на оваа година петте држави со нуклеарно оружје објавија заедничка изјава: „Нуклеарна војна не може да се победи и никогаш не смее да се води“. Зошто не се обидуваат да ги исполнат своите ветувања? Зошто некои дури навестуваат употреба на нуклеарно оружје? додаде Мацуи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Во четвртокот, рускиот амбасадор во Јапонија, Михаил Галузин, положи цвеќе на спомен-каменот во паркот и им рече на новинарите дека неговата нација никогаш нема да користи нуклеарно оружје.

Кишида, кој ја избра Хирошима како место за одржување на самитот на Г7 следната година, го повика светот да се откаже од нуклеарното оружје.

Претходно оваа недела, тој стана првиот јапонски лидер кој присуствуваше на Конференцијата за преглед на страните на Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ).

– Ќе продолжиме кон идеалот за нуклеарно разоружување дури и со оглед на сегашната тешка безбедносна средина – рече тој.

Loading...

По катастрофата во Хирошима следеше атомското бомбардирање на Нагасаки од страна на американската војска на 9 август, во кое загинаа повеќе од 75.000 луѓе. Јапонија се предаде шест дена подоцна, завршувајќи ја Втората светска војна.