Го привеле во СВР Куманово, па се самоповредувал и нападнал полицаец

Сподели со своите пријатели

На 19.07.2017 година во 02,50 часот во Полициска станица – Куманово, додека полициски службеник вршел службени задачи, односно вршел преглед на приведените лица Д.З.(31) и М.З.(39) двајцата од Куманово, и им издал наредба да извадат од џебовите се што имаат, Д.З. го омаловажувал и навредувал полицискиот службеник.

Во текот на ноќта, Д.З. агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници и поради обид за самоповредување, иако едната рака со лисици му била врзана за масата, неколку пати со главата удрил во масата.

Полициски службеник се обидел да го спречи да се самоповреди, при што Д.З. физички го нападнал, на начин што со левата рака го удрил во пределот на градите и притоа го фатил за службената униформа и почнал да го тегне.

Со употреба на сила, Д.З. е доведен во послушна состојба и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.