Го изневерувала сопругот, па тврди дека поради тоа станала подобра мајка

Сподели со своите пријатели

Една жена, чија објава се појави на порталот Мамамија, тврди дека станала подобра мајка поради аферата.

Loading...

Како што вели, таа станала посреќна, подобро расположена и посветена на своите осум и деветгодишни синови.

„Пред да се сретнам со мојот љубовник, честопати добивав повици и е-пошта од наставниците на мојот постар син, бидејќи тој пречел во наставата. Помладиот син сè уште не знаеше да чита. Верувам дека нашата врска дома се одрази на нашите деца”, објасни таа.

Сепак, сè се смени кога таа влегла во врска со друг маж.

„Повеќе немав потреба да се расправам со сопруготи да им викам на децата кога ќе претераат. Веднаш почнав да гледам позитивни промени. Станав поблага кон децата. Најмалиот син во продавницата ми даде бакнеж во образ, а постариот ми помогна да спакувам намирници во вреќи и зачуден на враќање дома во автомобилот, почнаа да се расправаат затоа што едниот таблет беше празен, а јас останав смирена наместо да викам. Беше невообичаено. Со мојот смирувачки тон, јас всушност ги смирив и тие го споделија таблетот на кој имаше доволно батерија“, раскажува една анонимна жена.

На крајот го напуштила сопругот, но истакнува дека не би го сторила тоа ако не била аферата.

„Тоа всушност ми помогна да сфатам дека не го сакам мојот сопруг. Иако не мислам дека изневерувањето е добро, тоа му помогна на моето семејство”, заклучува таа.

Leave a Reply