Случај од Мексико потврди колку љубомората може да го збуни умот на жртвата на прељуба. Леонора Р. за малку ќе го убиела својот сопруг поради друга жена. Всушност таа мислела дека станува збор за друга жена …
На телефонот на нејзиниот сопруг, таа наишла на експлицитни фотографии од секс со друга жена, непозната за неа. Заслепена од бес, го нападнала со нож и го избола неколку пати во рацете и нозете, не дозволувајќи му да и објасни за што станува збор и која е жената… Поради бучавата, целото соседство слушнало за што станува збор, а пристигнала и полицијата, а несреќниот Хуан за малку бил спасен…
Кога Леонора конечно малку се смирила, успеала да открие што ја испровоцирало. Таа му ги покажала сликите и видеата, обвинувајќи го дека ја изневерувал, на што тој одговорил дека жената на видеата е – таа, Леонора!
Сликите, всушност, датирале од пред неколку години, кога тие штотуку почнале се забавуваат и кога Леонора изгледала поинаку, со помала тежина, различна боја на коса, различна шминка … поради што не ‘ да се препознала себеси. Откритието целосно ја скршило, таа за малку ќе го убиела сопругот …
Како што се испоставило, Хуан наишол на нивните стари фотографии преку електронската пошта, па ги префрлил на телефон, па затоа Леонора сметала дека се работи за „свежи“ слики … Мексиканката е уапсена за нанесување телесни повреди, и Хуан се опоравува во болница…