Го доеле бебето со кафе: Дневно пиело и по литар и пол (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сиромашни родители од Индонезија веќе осум месеци го дојат своето бебе со кафе наместо млеко затоа што не можат да си го дозволат тоа. Девојчето има 14 месеци и секој ден пие околу литар и пол од овој пијалок.

Loading...

И покрај ова, малиот Хаџид се уште расте нормално и нема здравствени проблеми.

Родителите тврдат дека немаат друг избор иако знаеле дека не треба да му даваат кофеин на бебето. Уште почудно е што нејзината мајка вели дека ќерка ѝ нема да спие без кафе!? Наводно, таа е навикната да бара кафе повеќе пати на ден, и се нервира и плаче ако не го добие омилениот пијалок пред спиење.

Сопруг и сопруга заработуваат околу едно евро на ден како работници на плантажа з кокос, што едвај ги покрива основните трошоци. Тие велат дека им остануваат само пари за најлошото „кафе тубрук“ што го прават со шеќер.

Откако оваа вест одекна во Индонезија, официјалните претставници на регионалното Министерство за здравство на островот Сулавеси му донесоа на семејството млеко и колачиња погодни за возраста на бебето и ги советуваа родителите да не му даваат повеќе кафе затоа што кофеинот и шеќерот може сериозно да и ’наштетат.

Покрај ризикот од неисхранетост, родителите биле предупредувани на опасност да им даваат стимуланси на мали деца под пет години, така што на крајот признале дека девојчето не спие толку добро, туку дека понекогаш се игра сама длабоко во ноќта.

Leave a Reply