Глутница кучиња искасале светиниколчанец на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Ноќеска десетина минути по полноќ на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, од страна на глутница волци бил нападнат Т.С. (68) од селото Стањевци, светиниколско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено настанот се случил на паркинг кај крстосницата „Мездра“ кога поголем број на кучиња го нападнале и искасале шеесет и осумгодишниот Т.С. од селото Стањевци. Истиот се здобил со сериозни телесни повреди при што бил пренесен ан Клинички Центар  – Скопје каде му била укажана дополнителна лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станаца – Свети Николе.