Глоба од 45 евра за неносење зимска опрема во моторни возила

Сподели со своите пријатели

Почнувајќи од 15 ноевмри до 15 март, возачите на лесни и тешки моторни возила ќе бидат обвразни да поседуваат задолжителна зимска обврска, најави на вчерашниот прес Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Loading...

Доколку не се почитуваат обврските се предвидуваат казни од  45 евра во денарска противредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.